„Виорот на Анадолија“ – омаж на турското музичко наследство во џез руво


Омаж на турската традиционална музика видена во ново џез руво се случи синоќа на премиерната изведба на концертот „Виорот на Анадолија“, во Националната опера и балет во Скопје. 

Концертот го организираше Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје и е прв од 11-те што ги опфаќа оваа турнеја.

Час и половина патување низ звуците на музичкото културно наследство на богатата турска култура во преполната сала на НОБ, низ дваесетина песни со нов аранжман, концертот го предводеа саксафонистот Анил Шалиел и Мареечи Асу, кој свиреше на инструментот деф. Тие на свој начин, заедно со седумтемина музичари на сцена го оживеаја духот на уметниците Ашик Вејсел и Зеки Мурен. Публиката со овации и аплаузи ги награди, а посебен беше настапот и на Асу во неговите соло изведби. Тој интерпретираше и стихови од големите поети Јунус Емре и Мевљана.

Специјална гостинка беше пејачката Елена Христова, која изведе три песни. 

Вечер музичарите ќе настапат во Центарот за култура во Гостивар во 19 часот.