Викиликс: Асанж го бркаат од амбасадата на Еквадор, од таму негираат


Викликс на Твитер објави дека основачот на таа организација Џулијан Асанж во наредните неколку часа до неколку дена ќе биде исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон.
Од друга страна, високо позициониран службеник на Еквадор тврди дека не е донесена никаква одлука по тоа прашање.
Во друга порака на Твитер, Викиликс наведе дека добил уште една потврда на таа информација, пренесе АП.
Министерството за надворешни работи на Еквадор објави соопштение во кое наведе дека „не ги коментира гласините, теориите и претпоставките, кои немаат документирана поддршка“.
Мала група демонстранти и приврзаници на Асанж вчера се собраа пред амбасадата во Лондон, во која тој се крие од 2012 година.
Претседателот на Еквадор Ленин Морено неодамна рече дека Асанж во повеќе наврати ги прекрши условите на азил кои ги доби во амбасадата на таа земја во Лондон.
морено рече дека Асанж нема право да „хакира приватни налози или телефони“ и дека не може да се меша во политиките на други земји, особено они кои имаат „пријателски односи3 со Еквадор.
Асанж доби азил во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012 година, а го побара за да избегне да биде испорачан на Шведска, чии власти сакаат да го испрашаат во рамки на истрага за наводно сексуален напад.
Шведска се откажа од истрагата подоцна, но Асанж стравува дека може да биде испорачан на САД, каде Викиликс е предмет на истрага на сојузните обвинители поради објавување документи на американската влада.