Викендов внрежливо, од понеделник заладување


Фото: Б. Грданоски

Од утре до понеделник, претежно во попладневните часови, ќе има врнежи во поголем дел од земјава. Врнежите ќе бидат од дожд, со умерен интензитет и на места, особено во западните делови, ќе бидат пообилни, а во недела понекаде и над 25 литри на 24 часа.

Според УХМР, на планините во западните делови ќе врне снег. Во сабота и особено во недела од вечерните часови во планинските западни делови повремен снег ќе има и на повисоките места.

За време на викендот ќе дува и умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.

Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник ќе има појава на дожд и ќе почне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе биде ветровито, а до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел  од земјата.