Викендов прв „Јулски коњички турнир“


Во организација на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија и Коњичкиот клуб Бравадос од Скопје утре на терените во Волково, ќе се одржи „Јулскиот коњички турнир“ и 3. коло од отвореното Државно – првенство во прескокнување на пречки за 2021 година.

На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класи А, Б, Ц и Д, со височина на пречките од 0,90 м. до 1,20/130 м.

Почетокот на натпреварите е закажан за 9.30 часот.