ВИКЕНД-ХОРОСКОП: Што ви предвидуваат ѕвездите?


ОВЕН:
По долгата и напорна работна недела, го дочекувате викендот радувајќи се како дете. Се појавуваат повеќе опции со кои што може да ги остварите своите надежи: да идете некаде на пикник или да останете дома одмарајќи се по пижами? Што и да одлучите, направете го тоа со љубезност и грижа за себе и саканите. Одморете душа. Верувајте повеќе.

БИК:
Ова е период кога еднаш засекогаш ќе се ослободите од работите што ве гушат, а најмногу од непотребните предмети во својата непосредна околина. Откако ќе го направите тоа, најдете време да се одморите и прошетате до најблиското излетничко место или природа и реставрирајте ја својата сила. Започнува нешто ново во вашиот живот: доаѓате до ослободување!

БЛИЗНАЦИ:
Добрата среќа продолжува да ве прати и овој викенд: не брзајте никаде, бидејќи немате време. Сѐ ќе си дојде на место во сопствен тајминг и набрзо ќе уживате во оригиналните планови кои што ви влеваат надеж за успех. Работете во таа насока и знајте дека невољите се веќе при крај: радикални промени во текот на следната недела. Постигнувате среќа.

РАК:
Време е да се запрашате на многу интимен начин зошто се борите за доминација: околу вас се лојални личности кои што сакаат да ви помогнат, но вие ги туркате од себе и правите шоу. Крајно време е да ја трансформирате својата енергија и од ова да излезете како победник, откривајќи дали се борите за вистинската кауза. Избегнувајте тврдоглавост.

ЛАВ:
Задачите се завршени и сега е време да го фокусирате вниманието кон домот: дали тука е сѐ како што треба и дали работите се онакви како што ги доживувате на прв поглед? Крајно отворени и искрени, знајте дека вашето мислење се цени, затоа не либете се да го дадете: договарајте се за потребните инвестиции и најдете време да се одморите.

ДЕВИЦА:
Првиот дел од викендот се разликува драстично од вториот: сега е време да им обрнете внимание на потребите на љубените и да одлучите помеѓу две атрактивни опции. Нешто треба да остане во минатото, но затоа пак ве очекува светла иднина. Очекувајте поволни расплети со почетокот на новата работна недела, кои ќе траат следните шест месеци.

ВАГА:
Промени кои ве враќаат во минатото: пред околу седум години се соочувавте со истото и сега се повторуваат истите детали, ситуации и дати. Сето ова делува мистично, затоа е добро да разберете колку сте пораснале за време на овој период. Сѐ е исто, а суштински многу различно. Обрнете внимание на потребите на домот и одлучувајте рационално.

СКОРПИЈА:
Разиграни и полни со доверба, ова е период кога ќе најдете време да уживате со пријателите и да им помогнете на некој начин: доколку се соочите со конфронтација од било каков вид, премолчете некој збор и владејте со ситуацијата. Така нема да се повредите ниту себе, ниту пак другите. Најдете време за одмор и заборавете за миг на работата.

СТРЕЛЕЦ:
Сега разбирате дека гледајќи во огледалото може да ги видите сите луѓе во себе: колку е чиста вашата визија, толку е чист нивниот одраз. Имиџот е нешто со краткотраен карактер, а автентичноста е трајна: научете го ова и нема да ги повторите истите грешки од минатото. Дајте им комплимент на тие што ги среќавате и сѐ ќе ви се врати на волшебен начин.

ЈАРЕЦ:
Конечно некои работи доаѓаат до својот природен крај и сега е време да размислите за нова стратегија: дали да продолжите како до сега или да направите радикална промена, со која што ќе ги изненадите саканите? Дајте го најдоброто од себе и искористете ги неочекуваните понуди на професионален план: можно е долготрајно патување. Оптимизам.

ВОДОЛИЈА:
Ова е период кога не треба да инсистирате да добиете внимание на неприроден начин: вашите најблиски ќе го почувствуваат тоа и ќе ви завртат грб. Можеби треба да го смените однесувањето кон некоја конкретна личност и да покажете флексибилност. Не навредувајте се ако врне, туку поработете врз себе и својот карактер. Пронајдете ја својата уникатност.

РИБИ:
Бидете нежни со себе и престанете да се криете: пред вас се предизвици, со кои што ќе ги остварите своите дамнешни сништа. Храбри и горди, не плашете се да ја напуштите познатата рутина и да откриете нови простори: искористете го секој поволен момент за да напредувате кон саканата цел. Прочистете го својот круг на пријатели и бирајте мудро.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]