Виенски бал в сабота во Скопје


На 11 мај ќе се одржи еден од најголемите хуманитарни настани во Скопје – Виенскиот Бал, кој се одржува традиционално секоја година во чест на австриската култура. Овој настан претставува можност за уживање во извонредната музика, елегантни танци и дружење со пријателите.

Виенскиот бал е вечер полна со висока класа и култура, со поддршка секогаш на хуманитарниот карактер на настанот.

Традиционално, Виенскиот бал, ќе се одржи во хотел Александар Палас во Скопје.