Виена со 124 милиони евра ги поддржува граѓаните поради растот на цените на енергенсите


 

Цените на струјата и на гасот изминатите месеци значително пораснаа низ Европа. За да се намали ударот на страндардот на грашаните поради поскапувањето на енергенсите, главниот град на Австрија одлучи да донесе пакет мерки за помош во висина од 124,3 милиони евра,

Со тоа австриската престолнина сака значително да ги растовари граѓаните погодени од досега невиден раст на цената на енергенсите, нагласи вчера виенскиот градоначалникт Михаел Лудвиг при претставувањето на мерките.

На социјално загрозените граѓани надомест од 200 евра

Зголемувањето на енергетските трошоци може за просечно виенско семејство да изнесува околу 500 евра годишно. Австрискиот индекс на цени на гасот веќе минатата година петкратно се зголеми, а поради војната во Украина невозможно е да се предвиди понатамошниот развој на цените, објасни виенскиот градоначалник.

Новиот пакет мерки опфаќа три сегменти. На социјално загрозените граѓани и лицата со ниски примања ќе им бидат исплатени еднократни надоместоци од 200 евра заради ублажување на последиците од порастот на енергенсите, за што се предвидени вкупно 50 милиони евра.

Право на овие пари во Виена имаат 262.000 корисници, при што не мора да пополнат барање. Веќе во второто тромесечие од оваа година ќе се почне со исплата на парите од оваа мерка, за што побрзо да им се помогне на загрозените категории граѓани.

Субвенционирање на енергетска обнова на старите згради

Во рамки на вториот сегмент Градот Виена ќе ги поддржи граѓаните во облик на исплата на заостанати обврски или годишна пресметка за рзликата во цена на енергенсите, за пто се наменети 26 милиони евра, се наведува од канцеларијата на градот.

Оваа помош е наменета пред се за граѓаните од австриската метропола погодени со енергетска сиромаштија и оние кои не ги подмириле обврските кон претпријатијата, поради што им се заканува исклучување на струјата или гасот. Освен тоа,ќе се финансира и советување за енергетиката за корисниците и замена на електричните уреди со енергетски поефикасни. Спороведувањето на оваа мерка е предвидено за последното тромесечие од годинава.

Третата мерка предвидува субвенционирање на енергетска обнова на старите згради, енергетски поефикасна градба и поставување соларни електрани. Вкупниот износ на мерката ќе биде 48,3 милиони евра. Со тоа се сака да им се помогне на граѓаните долгорочно да ги намалат трошоците за енергија.