Виена повеќе не прима бегалци – се подготвува за зимата


 

Властите на градот и покраината Виена, соопштија дека престануваат со понатамошен прием на бегалци поради пречекорување на квотата.

„Во моментот овде доаѓаат помеѓу 50 и 100 луше од Украина. Се подготвуваме за претстојната зима, која може да донесе згооемен раст“, вели покраинскиот секретар за социјлани прашања Петер Хакер.

Тој додава дека Виена се подготвува за петкратно зголемување на капацитетот.

Хакер, за радио „Вин3 вели дека во моментот има 33.500 бегалци, со што Виена ги надмина предвидените квооти од сојузните власти.

„министерот за внатрешни работи сега мора да разговара со другите покраини“, порача тој додавајќи дека само во Виена и во Бургенланд ги исполнуваат предвидените квоти.

Инаку, од крајот на август, во Австрија повеќе од 56.000 луше побараа азил, што е раст за 195 отсто во однос на минатата година.