(Видеo) Се качи на кулата на Трамп и бара разговор со претседателот


 

Неидентификуван маж се качи на кулата на Трамп во Чикаго барајќи да разговара со претседателот на САД и со медиумите.

Мажот на возраст од дваесетина години и наводно член на движењето „Црните животи се важни“, се качил на кулата во Чикаго околу 17.30 часот и виесл на јаже со часови, додека полицијата се обидувала да го наговори да се симне, пишува ЊУјорк пост.

Полицијата соопшти дека мажот се заканувал со самоубиство доколку не разговара со Доналд Трамп.

На видео-снимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа маж како виси на портокалово јаже, тврди дека е член на движењето и има порака за Трамп.

„Не сакам да умрам, но ако некој се обиде да го повлече јажето, ќе скокнам и ќе умрам“, вели мажот.

Како што се наведува, тој со камера се снима себеси додека ги дава изјавите, а сè е емитувано на Фејсбук.

„Имам нож. Доколку некој го повлече јажето ќе го пресечам“, додава тој.

Мажот тврди дека Трамп ветил нешто и тоа мора да го исполни.

За сега не е познато како завршила ситуацијата.