Видете го трејлерот од новиот филм „Билет за рајот“ со Џорџ Клуни и Џулија Робертс


САД- Џорџ Клуни и Џулија Робертс ќе глумат во новата романтична комедија „Билет за рајот“ (Ticket to Paradise), кој повторно ќе ги обедини ѕвездите на „Единаесеттемина на Оушн“ и долгогодишни пријатели. Филмот ќе го режира Ол Паркер  (“Mamma Mia! Here We Go Again,” “The Best Exotic Marigold Hotel”).

 
Клуни и Робертс ќе играат разведена двојка, која патува на Бали за да ја спречи преселбата на својата ќерка (Kaitlyn Dever).
 

Двајцата оскаровци заедно играа и во трилерот „Финансиско чудовиште“, режисерското деби на Џоди Фостер од 2016 година.

Кино премиерата е од 21 октомври. 21 Филмот ќе оди на стриминг на Peacock 45 дена по неговата кино премиера.