Видеопроекција на Универзална сала како благодарност до сите што се борат против коронавирусот


ЈУ Универзална сала и Фестивалот на светлината Skopje Light Art District, во рамките на проектот на Град Скопје, „Култура во време на корона“, во знак на благодарност изработија видео инсталација.

Со видеопроекцијата на влезот на Универзалната сала се искажа благодарност до сите поединци и групи што периодов работеа и уште напорно работат во светот и се во првите борбени редови против пандемијата на новиот коронавирус.

Сите тие се главните фактори што го овозможуваат функционирањето на државите и економиите.
Видеоинсталацијата е направена од пријатели и соработници на Skopje Light Art District, а пораките за благодарност во видеото се испишани на повеќе светски јазици.