(Видео)„Не е мокро, ова е паднато само од себе“ – Јакимовски провери зошто се урна таванот 


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

– Ја утврдуваме причината, најверојатно се работи за технички проблем – вели тој.

Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување.

Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.

При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот.