(ВИДЕО+ФОТО) Торнадо преврте автобус во Романија


Драматично видео се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како вчера торнадо погоди делови од Романија.

Најкритично било во областа Калараши во источниот дел на земјата, каде што, според локалните медиуми, биле уништени 10 куќи.

https://www.facebook.com/oscar.stanciu/posts/2269019673141449

Во полициските извештаи се наведува дека ветрот превртел и автобус со 40 патници. Нема информации за евентуални жртви или повредени.