(ВИДЕО) Жителите на Љуботен го потсетија Заев за ветувањата: Многу вети а ништо не направи


Жителите на Љуботен револтирани од тоа што се случи пред три дена го потсетија премиерот Зоран Заев за ветувањата кој ги даде во пресрет на вториот круг од локалните избори во 2017 година. Заев вети дека ќе има живот и во Љуботен.

,,Ќе има водовод и чиста вода за пиење во Љуботен. Старото училиште Гоце Делчев ќе го адаптираме и ќе направиме детска градинка. Ќе ги асфалтираме улиците по селото, до последните сокаци. До крајот на 2018 година, најважните проблеми за жителите овде ќе ги решиме. Ќе ги развиваме селата. Ќе ни одат и градовите напред, ако има живот во селата, истакна претседателот Заев на 20.10.2017.

Заев беше убеден дека ќе ги реализира сите овие ветувања, но жителите на Љуботен разочарани велат дека досега ништо не направил.