(Видео) Жените плачат, мажите заминуваат со автобуси: Снимки од мобилизацијата во Русија


Еден ден по прогласувањето на делумна мобилизација од Русија пристигнуваат снимки каде се гледа како луѓето се простуваат од мажите кои заминуваат во војна.

На социјалните мрежи се појавија снимки од Русија, кои покажуваат како изгледа мобилизацијата во таа земја по вчерашната објава на Путин.

Снимките пристигнуваат од различни делови на земјата, а една е од градот Нерјунгри. Пред да влезат во автобусите, мажите долго се прегрнуваат со жените и семејствата, а тие ги испраќаат плачејќи.

Истиот ден кога Владимир Путин објави дека во земјата почнува делумна мобилизација во 38 руски градови луѓето излегоа на улиците за да протестираат против војната.

Повеќе од 1.300 беа приведени, а медиумите јавија дека од четири полициски станици во москва сите приведени се веднаш регрутирани во војската.

Метеж има на аеродромите, од каде дел од Русите се обидуваат да излезат од земјата, а зголемен е и сообраќајот кон Финска.