(Видео) Запознајте ги пилотите од Црна Гора и Србија што гасат пожари низ Македонија


Пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, веќе неколку дена помагаат во справување со огнената стихија.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во знак на почит и благодарност за она што го прават за нашата земја, им додели благодарници со пригоден подарок карактеристичен за Македонија.

Ангелов разговараше со двајца од нив, а Црногорецот Ненад Дубљевиќ е пилот на хеликоптер, кој пет години се обучувал во Македонија, каде го научил македонскиот јазик, а се оженил и со Македонка.

Ненад Дубљевиќ капетан – прв пилот на хеликоптер Бел 412 во Военото воздухопловство на Црна Гора кој неколку дена дејствува врз пожарите низ Македонија, вели дека најголемиот проблем се пожарите кои се распрскани и се повеќе одеднаш.

 

Мајор Новаковиќ Бранимир пилот на КАМОВ КА32 (ЦРВЕНИОТ ЅВЕР) од Мнистерството за внатрешни работи на Република Србија, вели дека пожари има секаде, но сега, по нивната интервенција се помалку, а тие што ги има се помалку страшни.