(Видео) За што служи металниот дел на обвивката од саламата?


Кога ќе видите за што служи металниот дел на обвивката на саламата, потрошувачката на сувомеснати производи ќе биде уште подобра.

Колку пати ве изнервирала обвивката во која се наоѓа вашата омилена салама? Често се случува да не можеме лесно да ја извадиме саламата или другите сувомеснати производи од обвивката и да ги исечеме правилно.

Сите мислевме дека металните делови кои се наоѓаат на двете страни се користат за прицврстување на производот, но сега се појави видео кое ја откри вистинската функција на металните делови.

Многумина се изненадија кога видоа трик кој го олеснува животот и „спасува нерви“. Едно видео од Инстаграм покажа дека металниот дел се користи за извртување на капакот.

Со други зборови, кога сакаме да ја пресечеме саламата, треба да го извиткаме металниот дел и така ќе „излезе“ остатокот од саламата, без потреба од пресекување на обвивката.

„Не ми се верува“, „Имам 35 години и сега дознавам за ова“, „Какво олеснување“, „Мислам дека многу намирници треба да имаат упатство за употреба“, „Одличен трик“, „Ова го олеснува животот“, „Нема повеќе да се нервирам кога правам сендвичи“, напишаа многумина.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Buket Yıldırım Sönmez (@buketyildirims)