(Видео) „Водена бомба“ во Италија – седум жртви во поплавите


 

Силни дождови и поплави, доцна синоќа, го погодија средишниот дел на италијанскиот регион марка, пти што загинаа најмалку седуммина, додека тројца се сметаат за исчезнати, објавија денеска италијанските медиуми.

Локалните власти соопштија дека не очекувале ненадејна „водена бомба“. За два, три часа паднале 400 мм дожд, што што биле поплавени улици во неколку градови во покраините Анкона и Pесаро-Урбино.

Сѐ уште се бараат преживеани

Снимките кои ги објавија локалните пжарникари прикажуваатѕ некои спасувачи како се движат низ улиците на приморскиот град Сенигалија на сплавови за да дојдат до луѓето и да ги евакуираат, додека други се обидуваат да поминат под подвозник. Спасувачките служби и понатаму бараат преживеани, наведуваат властите.

Во меѓувреме, лидерот на Демократската партија објави дека ќе ја сопре својата кампања во регионот, пред националните избори закажани за 25 септември.