(Видео) Во пресушената река По најдена бомба од Втората светска војна


 

Неексплодирана бомба од Втората светска војна пронајдена е во коритото на реката По во Италија, по екстремните суши.

Се работи за бомба тешка 450 кг, која ја пронашле рибарите во коритото на реката долга 650 км, а која пресуши на повеќе големи делови поради најголемата суша во последните 70 години.

Високите температури и слабиот дожд придонесоа да нема вода, а стравот од ефектите на климатските промени е уште поголем.

Италијанската војска соопшти дека бомбата содржи 240 кг експлозив и дека е пронајдена кај селото Борџо Виргилио во ломбардија. Околу 3.000 луѓе се евакуирани за експертите да можат да ја уништат бомбата во неделата. Во почетокот некои жители одбивале да ги напуштат домовите, но властите на крај успеале да ги уверат да се согласат на евакуација. Во кус период затворено е небото за прелети на комарцијални авиони.

По е најдолга река во Италија која тече од југозападните Алпи до Јадранското Море, а оваа година сателитски снимки покажаа дека на повеќе делови реката е исушена поради екстремните суши. Италијанските власти минатиот месец прогласија вонредна состојба за местата низ кои тече По затоа што таа наводнува третина од земјоделското земјиште.

Сепак, струјата на реката е толку ослабната поради горештините и недостаток на дождови во последните неколку месеци што морската солена вода продира во реката и ги уништува посевите.