(Видео) Во пожарот во Тетово ќе учествува хеликотер на МВР, а се носи и пена за гасење од ТАВ

Пожарот во фабриката во Тетово ќе се гасне со помош на хеликоптер од МВР, но се чека и пена за гаснење од ТАВ, а побарана е и од „макпетрол“, а таа е посоодветна во гасењето на вакви типови пожари од гасење со вода.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ги замоли и новинарските екипи и другите луѓе да се оддалечат од местото за да не дојде до експлозија и евентуални жртви.
– Како што гледате се работи за голем пожар во фабрика за гипс-картон и други работи. Во овој момент работиме на детекција, дали постои опасност во воздухот, односно дали има отровни гасови и какви. Состојбата во овој момент од аспект на гасовите не е алармантна. Има зголемено ниво на ПМ честички, кои во овој момент се кренати горе, но подоцна истите ќе се спуштат долу – рече Ангелов.
Тој појасни дека се обидуваат да го стават под контрола пожарот. – Ќе дојде хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Но, гаснењето пожар со вода од воздух може да доведе до распламтување на пожарот, бидејќи самата вода може да предизвика ширење на пожарот. Од тие причини побаравме по самата линииија на пожарот да биде фрлена водата, односно пожарот да биде пресечен да не се пренесе во задниот дел кадешто имаме и садови со експлозивни материи – рече Ангелов.
Тој апелираше сите да се оддалечат од пожарот.
Од ТАВ се чека да се донесе специјална пена за гасење, а таква пена побарале и од „Макпетрол“. Пената за гаснење е покорисна за ваков случај бидејќи самата вода може да не биде толку ефикасна, вели Ангелов.
Инаку, претпладнево изби пожар во поранешниот Тутунски комбинат во Тетово, каде во моментов се наоѓа фабрика за градежни материјали, а густ чад се издигнуваше над влезот на градот.