(Видео) Се степале Македонци и Хрвати во Австралија, навивачи на фудбалски клубови – има и повредени


Австралискиот фудбал е потресен од скандалот кој го предизвикале Хрвати и Македонци.

Како што пишува Дневник.хр, по натпреварот помеѓу австралиските клубови Рокдејл Илинден и Сиднеј Јунајтед, навивачите на двата клуба предизвикале нереди и се степале.
Рокдејл Илинден е клуб на Македонци кои живеат во Австралија, а Сиднеј Јунајтед е основан од Хрвати.
Натпреварот заврши 0:0, а не е познато која била причината за големата тепачка. Фановите си фрлале едни на други гајби за леб, факели, столчиња…
Австралиската полиција најостро го осуди инцидентот. Неколкумина навивачи беа уапсени, а некои завршија во болница со полесни повреди.
Снимките од тепачката станаа вирални на социјалните мрежи: