(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ја направи Фон дер Лајен нацист!


Фото: Б. Грданоски
СДСМ  ја оцени како скандалозна квалификацијата искажана од собраниската говорница од страна на пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ со која таа направи паралела межу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и нацистите. Инаку Лајен е од европските народни партии каде што е и ВМРО-ДПМНЕ, а нејзината партија во Германија редовно ја помага нашата опозициска партија.
 
„Забеганоста, стравот и примитивизмот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ги минува сите можни граници. Денеска, од собраниска говорница ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија, Урсула фор дер Лајен, нацист. Скандалозно, за ВМРО ДПМНЕ Фон дер Лајен е нацист!

 
Ова е скандалозно, срамно и за секаква осуда, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски, освен што го резилат Собранието, директно ги навредуваат нашите пријатели во Европската унија, го нарушуваат угледот на државата, на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ се против целата ЕУ“, стои во реакцијата на СДСМ. 
 
Расправата во Собранието го допре дното и за македонски стандарди, така што ако продолжи вака ќе не скара со сите пријателски европски земји и ќе ги изгубиме сите сојузници.