(Видео) Верижен судир во тунел во Турција меѓу 18 возила


Десетици автомобили, камиони и автобуси денеска учествуваа во голема верижна сообраќајна несреќа во тунел на автопат кај градот Болу во Турција, јавија локалните медиуми.

Турските медиуми објавија снимка од надзорна камера во тунелот, на која е снимена несреќата. Повредени се најмалку 30 луѓе, а во сообраќајката учествувале 18 возила.

Поради верижниот судир, со часови бил запрен сообраќајот на автопатот Анкара-Истанбул.

Сообраќајката се случила во тунелот ѓто поминува под планината Бол. а во верижниот судар учествувале шлепер, камион, автобус и помали возила.

На местото на несреќата се бројни екипи на полицијата, брзата помош, пожарникари и други служби.

Гувернерот на Бол, Ахмет Умит, изјави дека се уште нема доволно информации за жртвите во несреќата.