(ВИДЕО) Вербалната војна не стивнува: Бразилски министер се закани дека ќе го фати Макрон за врат


Само што се смири вербалната војна меѓу бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и францускиот претседател Емануел Макрон, новиот министер за туризам на Бразил повторно додава бензин на огнот. И уште побрутално од самиот Болсонар.

Ренцо Гарсија, поранешен борец во ММА и нов член на бразилската влада, кој е задолжен за туризмот, рече дека Макрон е „кловн“ и се закани дека ќе го задави!

„Единствениот пожар што се случува е огнот во бразилските срца и во срцето на нашиот претседател, кловну“, рече Гарсија во видеото упатено до Макрон (или Микрон, како што го нарече).

„Дојди овде! Ќе те фатам за вратот, за тој пилешки врат. Нема да ме измамиш“, гневно рече Гарсија.

Откако беше објавено видеото, бразилскиот новинар Адријано Вилксон му се јави на министерот, но Гарсија продолжи во ист стил:

„Луѓето ќе мислат дека го нареков пиле затоа што сакав да ја доведам во прашање неговата машкост, но сум видел многу хомосексуалци кои се повеќе мажи од овој имбецил“, рече Гарсија, пред да ја нападне и сопругата на Макрон, Брижит.

„Ќе ви поставам прашање. Дали е таа грда или убава? Дали би се закачиле за неа? Фактот дека Макрон спие со змеј не го прави познавач на оган. Таа е грда, човеку“, рече министерот.

Колку за потсетување, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро неодамна исто така ја навреди Брижит Макрон, потсетувајќи на нејзината возраст и фактот дека е 24 години постара од својот сопруг. На ова му претходеа критиките од Макрон до Болсонар за пожарите во Амазонија.