(ВИДЕО) Вардар им посвети емотивно видео на ракометарите кои си заминуваат


Фото: Б. Грданоски

Европскиот шампион Вардар преку специјално видео се збогува со ракометарите кои следната сезона нема да го носат „црвено-црниот“ дрес, како и со тренерот Парондо.

– Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо.

Заедно се радувавме на одлични моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех.

СРЕЌНО! – стои во пораката на РК Вардар.