(Видео) Вака Турците прават бурек: Направен од домашни кори и пржен во тава – многу побрза подготовка


Овој турски рецепт за бурек со мелено месо ќе ве воодушеви, а се подготвува побрзо од оригиналната верзија.

Поради популарноста на оваа пита, денес има толку многу различни рецепти, а наместо мелено месо се користат кајмак, крем, па дури и печени пиперки. Традицијата налага бурекот да се прави само со мелено месо, се останато е пита, па затоа ви предлагаме да го пробате и турскиот рецепт. Тоа е бурек од домашни кори, но кој не се пече, туку се пржи во тава. Сигурни сме дека ќе ви се допадне.

Состојки:

1,5 чаши топла вода
4 чаши брашно
1 лажичка сув квасец
1 лажичка сол
150 гр путер
За полнење:
300 гр мелено месо
1 кромид

Подготовка:

Во еден сад измешајте топла вода и квасец, па добро измешајте. По 5 минути додадете просеано брашно и сол и замесете тесто. Добиеното тесто поделете го на 6 дела и обликувајте топчиња. Наредете ги во плех посипан со брашно и покријте ги со проѕирна фолија, па оставете ги да одморат околу 10 минути. На малку масло во тавче пропржете го ситно сечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете го меленото месо. Зачинете по желба. Секое топче развлечете го колку што е можно потенко на набрашнета површина, премачкајте го со растопен путер, а потоа преклопете ги краевите (видете ги сликите). Повторно намачкајте со путер, а потоа ставете го филот во средината. Преклопете ги потесните делови од домашните кори, па малку притиснете со прстите. Истиот принцип важи за сите кори. Готовиот бурек испечете го во тавче што сте го премачкале со масло.