(Видео) Вака изгледа ногата на Бензема со која одигра цел натпревар


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Рајо Ваљекано во 36. коло во шпанското првенство.

Реал ја оправда улогата на фаворит, а Карим Бензема одигра уште една одлична партија. Но, по натпреварот сите беа шокирани од снимката од соблекувалната.

Имено, на почетокот на натпреварот Бензема беше нагазен од противнички фудбалер, изгледаше болно, но Бензема продолжи да игра, дури подоцна постигна гол и го одигра целиот натпревар.

Но, штом ги соблече копачките во соблекувалната следеше шок. Имено, докторот веднаш се фатил за работа, а Французинот „заработил“ пет конци.

Раната беше прилично длабока и непријатна, но секоја чест за Бензема кој продолжи да игра и со таква повреда.