(Видео) Вака Грците подготвуваат пилав: Во него додаваат спанаќ, а го служат со фета


Направете пилав по грчки рецепт и изненадете го семејството со совршен ручек. Лесно се подготвува, а вкусот е одличен.

Кај нас пилавот се подготвува со пилешко и ориз, а често домаќинките грешат и бираат погрешно месо кога го подготвуваат ова јадење. Доколку сакате да биде повкусно, најдобро е да го искористите целото пилешко, а ние ви пренесуваме уште еден одличен рецепт. Ви предлагаме да го пробате грчкиот рецепт за пилав, а во ова вкусно јадење додаваат и спанаќ.

Состојки:

6 батаци
2-3 лажици маслиново масло
1/4 чаша сок од лимон
4-5 чешниња лук
1 лажичка суво оригано
1 лажичка мелен коријандер

За оризот:
1 кромид
1/4 чаша маслиново масло
900 гр бебешки спанаќ
2 чешниња лук
2 чаши ориз
2 чаши пилешки бујон
1 лажичка сушен копар или оригано

Подготовка:

Ставете ги батаците во сад и прелијте ги со маслиново масло, сок од лимон, мелено лукче, па посипете со оригано и коријандер. Добро измешајте, па оставете да се маринира. На малку маслиново масло пропржете го ситно исечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете ги батаците со целата маринада. Тавата се става во загреана рерна и се пече на 230°C околу 20 минути. Потоа префрлете ја тавата на повисока решетка и вклучете ги горните греалки и печете уште 5 минути додека месото не добие убава златна боја. За тоа време исплакнете го оризот неколку пати, а потоа потопете го во вода околу 10 минути. Извадете го месото од тавата, па во истото тавче пропржете ги мелениот лук и спанаќот. Зачинете со сол и бибер. Додадете го процедениот ориз, а потоа истурете ја супата, повторно посолете и посипете со копар или оригано. Гответе додека не почне да врие, а потоа извадете го од шпоретот и повторно ставете го месото. Покријте со алуминиумска фолија, а потоа вратете го пилавот во рерна и намалете ја температурата на 200°C и печете околу 30 минути. Потоа извадете ја фолијата и печете го пилафот уште 15 минути. Послужете со фета, маслинки и лимон.