(Видео) Уште една `мистериозна` смрт во кланот Кенеди


Светот го обиколи веста дека се угаси уште еден млад живот, а се работи за внуката на поранешниот претседател Роберт Ф. Кенеди, Серша Кенеди Хил (22), која починала во семејната викендичка во Хајанис Порт во Масачусетс.

Серша беше студентка на колеџот Бостон. Светските медиуми пренесуваат дека девојката починала од предозирање, со што се додава уште една мистериозна смрт во кланот Кенедиеви. Таа починала откако во семејниот дом стигната итната помош.

Во 2016 година пишуваше дека се бори со депресија и преживеала еден обид за самоубиство. Беше политички активна, а посебно се интересираше за движењето #metoo и проблемите со контрола на оружјето.

Семејството објави дека се скршени од болка. Серша беше ќерка на Кортни Кенеди Хил, ќерка на убиениот Роберт Кенеди и Пол Мајкл Хил, еден од четворицата осомничени за поставување бомба во два паба за кој на крај се покажа дека неправично е осуден на 15 години затвор. Двојката се разведе во 2013 година, по 13 години брак. Девојката престојувала на семејниот имот кога се случи трагедијата, а нејзината мајка потоа објави мноштво нејзини фотографии на Фејсбук во знак на сеќавање на миленичката.

„Нашите срца се скршени од губитокот на саканата Сарша. Нејзиниот живот беше полн надеж, ветувања и љубов. Светот денеска е погрдо место. Беше страстен борец за човекови и права на жените и сакаже светот да го направи поубав. Работеше на тоа да се изградат училишта во Мексико. Ги исполнуваше нашите животи со љубов, смеа и дарежлив дух“, изјави нејзината баба Етел Кенеди (91).

Повикот за помош е пратен во 14.30 часот, а итната помош е известена дека се работи за предозирање. Детали не се познати. Серша беше претседател на демократите на колеџот Бостон, а покажуваше интерес за борбата против оружјето и сексуалното вознемирување во кампусите. Често на Твитер објавуваше пораки со поддршка за жртвите и апели до надлежните да се борат против насилството.

Серша во 2018 година се појави на „Маршот за нашите животи“ со мајка ѝ со што покажа дека се залага за контрола на оружјето.

Сакаже да ја спои политиката со медиумите, а себеси се опишуваше како одличен говорник. Сакаже да студира и да биде подготвена да придонесе за националниот дијаог во врска со прашања кои најмногу ја мачат јавноста.

Требаше да дипломира годинава и да го заврши колеџот како многу успешен студент.

Во колумна Серша зборува за својата борба со проблемите поврзани со менталното здравје.

https://www.facebook.com/james.zeruk/posts/2665593453460072

„Кога сте биле мали, дали сте имале пријатели со кои вашата мајка ве терала да се дружите без да сакате? Тие пријатели постојано се појавуваа и вие сте биле збунети. Тогаш, кога тие се присутни, вие се навикнувате на нив. Тие никогаш нема да си заминат и со време ви станува пријатно да сте со нив. До минатата година, ова беше ситуација со мене и со мојата ментална болест. Депресијата пушти корења уште додека бев во училиште и ќе биде со мене до крајот на животот. Иако бев среќно дете, чувтвував длабока тага која ми ги притискаше градите и рамената Кога почнав да студирам, притисокот стана поголем“, напиша таа.

https://www.facebook.com/roy.a.firestone/posts/10157232257068604

Она што сите ги потресе е нејзината изјава дека „некој кого го знаела и го сакала ја преминал строгата сексуална граница која ја имала таа“ и ја натерал да се обиде да се самоубие. Во нејзиното семејство и во минатото имаше трагични смртни случаи и губитоци, па се зборува дека Кенедиеви ги следи зло.