(Видео) Учебната година нема да продолжи, ќе се учи од дома


Министерот за образование и наука Арбер Адеми објави дека се укинува државната матура и завршниот испит за оваа учебна година.

„Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година. Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома“, вели министерот Адеми, додавајќи дека одлуките се донесени на денешната седница на Владата.

Сите средношколци ќе добијат диплома, која ќе биде вреднувана како и претходните години.

Учениците од основните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на учебната година.

Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни.

Се работи на уписите на високообразовните установи, а ќе можат да се запишат сите завршени средношколци со четиригодишно образование.