(ВИДЕО) Уапсен Босанецот кој снимаше сообраќајка во која загина едно лице


М.С. од Тешањ е уапсен поради тоа што не му укажал прва помош на Миленко Пудар, деминер од Бања Лука, кој пред неколку дена загина во тешка сообраќајна несреќа кај Мостар, пишува „Гласот на Српска“

За потсетување, несреќата се случи во понеделникот, а М.С. го снимал со мобилниот телефон возењето на Пудар неколку секунди пред трагичниот судир.

М.С. за време на снимањето велел дека возачот на „хјундаито“ е најверојатно пијан и се смеел на неговото возење. На снимката се слуша и како вели: „Ене го, отиде под автобус“.

Видеото е објавено на социјалните мрежи и таму наиде на критики.