(Видео) Тројца пријатели масакрирани покрај езеро во Флорида


 

Полицијата на Флорида истражува убиство на тројца блиски пријатели кои се претепани и убиени со огнено оружје.

Тие во петокот отишле на ноќен риболов на езерото Стрити во Фростпруф, каде нивните тела се најдени.

„Затекнавме ужасна сцена“, рече регионалниот шериф Грејди Џад за новинарите и додаде дека видел многу убиства, но дека ова е едно од најлошите во неговата кариера, објави Фокс њуз.

Телата на тројцата пријатели, Демион Тилман (23), Брендон Ролинс (27) и Кивин Спрингфилд (30), биле масакрирани.

Тие нашле оддалечено место во шумата покрај езерото и нападнати се неколку минути по доаѓањето.

Полицијата ја известил таткото на Ролинс, кого симот го разбудил преку телефон барајќи помош.

Тој дошол на местото на нападот по десет минути од повикот и го затекнал синот кој сѐ уште давал знаци на живот, а другите двајца веќе биле мртви. Таткото се јавил во полиција од бензинска затоа што во брзањето го заборавил телефонот.

Синот успеал да му каже на таткото неколку реченици, но што му кажал не е за објавување, соопшти полицијата.

Ролинс починал пред да дојде брзата помош.

Шерифот не можел да каже дали момчињата го познавале убиецот, но рече дека на тоа место не налетувате на некого туку така.

Истрагата е во тек.