(Видео) Тригодишно момче извлечено од рушевините 22 часа по земјотресот


 

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како спасувачките екипи и волонтери извлекуваат момче од три години од урнатините во Малатаја, град кој беше во непосредна близина на епицентарот на земјотресот во Турција.

Градот Малатаја, е еден од најпогодените градови во низата земјотреси кои вчера ја погодија Турцијаи Сирија. Изјадници граѓани на Турција уште се наоѓаат под урнатинитена зградите срушени од земјотресот.

Детето кое е спасено, според извештаите на турските сигурносни служби, било под урнатата зграда 22 часа.

Според посдните податови во земјотресот загинаа повеќе од 5.000 луѓе, а повредени се над 20.000.