(Видео) Трамп: Гласав за кандидатот Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во 2020 година во библиотека во државата Флорида.

Тој го искористи своето право на глас во библиотека во Западен Палм Бич во близина на неговиот дом во Мар-а-Лаго. Минатата година Трамп се пресели од Њујорк на Флорида.

Додека гласаше, американскиот лидер носеше маска, што е многу ретко.