(Видео) Традиционален шпански рецепт за ловечки шницли во сос


Подгответе ги ловечките шницли по шпански рецепт, а месото е толку меко што може да се исече со вилушка.

Рецептот за ловечки шницли се пренесува од колено на колено, а обично вака подготвеното месо се служи со пире од компири. Долгото крчкање во сокот ги прави меки, а ние ви пренесуваме уште поедноставен рецепт за ловечки шницли. Шпанците го пржат месото кратко, па прават сос од кромид и го динстаат уште 10 минути. Сè е лесно, а им успева дури и на почетниците во кујната.

Состојки:

700 гр свинско филе
3 црн кромид
3 чешниња лук
1 морков
100 мл бело вино
250 мл супа
1 ловоров лист

Подготовка:

Во тава пропржете го посоленото и забибереното свинско месо. Потоа извадете го месото, а во истиот сад пропржете го крупно исечканиот лук, па додадете го кромидот исечен на ребра. Пржете додека не омекне, а потоа додадете го морковот исечкан на прстени. Кога ќе омекне, додадете го ловоровиот лист, прелијте ја супата и белото вино. Зачинете со сол и бибер, а потоа измешајте и покријте. Варете околу 10 минути, повремено мешајќи. Потоа извадете го ловоровиот лист, добро изблендирајте го сосот, па вратете го месото. Покријте и варете уште 10 минути, повремено мешајќи и ручекот е готов.