(Видео) Тој е еден од најобучените војници – руски офицер кој го обучувал телохранителот на Сталин


Рускиот систем, односно „система“, како што го нарекуваат Русите, иако стара вештина, е добро решение за предизвиците што ги наметнува модерниот начин на живот. Еден од главните мајстори на оваа боречка вештина е полковникот Михаил Рјабко.

За почеток, малку за овој нашироко почитуван руски офицер. Рјабко е полковник во единицата за специјални операции на руската армија, директор и главен инструктор на системот на штабот во Москва. Почнал да тренира на петгодишна возраст, а од петнаесеттата година почнал да се занимава со боречки вештини. Посебно треба да се нагласи дека неговиот прв учител бил еден од личните телохранители на поранешниот лидер на СССР, Јосиф Сталин. Рјабко работел во Министерството за внатрешни работи на Русија, каде го обучувал личното обезбедување на ресорниот министер, а бил и командант на тактичката единица за спасување заложници, антитерористички операции и неутрализација на вооружени терористи. Тој е и воен ветеран кој бил во бројни воени акции.

Оваа боречка вештина носи голем број на предности во однос на повеќето други бидејќи, меѓу другото, нуди специјализирани вежби за сила во комбинација со движење и дишење со различни брзини. Самите вежби се дизајнирани да ја поправат положбата на телото и да развијат голема издржливост, а дополнително служат за откривање и отстранување на негативните емоции. Нема удари, истрели или фрлања кои трајно ги уништуваат зглобовите (кај оној што ги изведува).

Се практикува како да се апсорбираат, пренасочуваат и избегнуваат ударите, наместо да се блокираат на ригиден начин. Оваа борбена техника се стреми да го научи човекот преку основни идеи и принципи кои ќе му овозможат да импровизира и да наоѓа спонтани решенија во борбата.

Не треба да чуди што само една таква вештина е развиена во Русија бидејќи е познато дека некои од најдобрите телохранители се токму оние кои доаѓаат од таа земја.