(Видео) Тетовчанката Кристина најфотогенична на „Мис Глоуб“ за 2019 во Улцињ


Кристина Димитријевска од Тетово (23), членка на модното студио „Црнокрак“ и поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски ја освои титулата „Мис фотогеничност“ на 47. „Мис Глоуб 2019“ што се одржа во Црна Гора.

Во црна тоалета црн фустан го прими признанието на свеченоста кое се одржа во Улцињ. Нашата убавица носеше и долг црвен фустан со златни везови во сегментот кога мисиците дефилираа во национални костими. Кристина на изборот се претстави во креации на дизајнерката Љумние Љоки.

Мис Глоуб за 2019 е претставничката на Мексико, прва придружничка е претставничката од Тринидад и Тобаго, а втора- од Филипини.

Кристина и Даниел објавија дека се разведуваат во мај оваа година. Тие заедно имаат едно дете.

Во 2014 година, Кристина победи на изборот за „Новогодишна убавица на Балканот“.

Димитријевска, по разводот, најави дека ќе заплива во музичките води.Ја сними својата прва песна која е насловена „Сакам пак“.