(ВИДЕО) Тепачка за паркинг во Струга


Вчера во Струга се случи тепачка поради паркинг-место, во која учествуваа неколку млади лица, кои со метални шипки искршија и еден автомобил.

Како што велат од МВР, тепачката се случила вчера попладне околу 14 часот на паркинг на улицата „Маршал Тито“. Неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир и извршиле насилство врз 27-годишно момче од струшкото село Загрчани.

Полициската станица презема мерки за идентификација на учесниците во насилството кои, подоцна извршиле и оштетување на патнички автомобил, сопственост на оштетениот, велат од СВР Охрид.

Весникот на албански јазик „Коха“ на својата фејсбук-страница објави видео од немилиот настан.