(Видео) Тепачка во турскиот парламент поради буџетот, еден пратеник заврши на реанимација

Критична е состојбата на 58-годишниот Хусеин Орс од националистичката партија Добра


 

Пратеник од турската опозиција итно бил префрлен во болница и сместен на интензивна нега во Анкара, откако бил погоден во главата за време на тепачка во Парламентот. Тепачката изби на расправата за државниот буџет за 2023 година.

На снимките во турските медиуми се гледа како Хусеин Орса, пратеник од Трабзон е погоден од член на владејачката Партија на правдата и развојот, пренесе Дневник.хр.

„Состојбата му се влоши поради удар во главата. Тој беше на реанимација во болница“, изјави за новинарите неговиот сопартиец од партијата Добра.

„Нашиот пратеник беше жртва на сериозен напад. Ова е срамен ден за турскиот парламент и за оние кои ја извршија оваа агресија“, рече портпаролот на партијата.

Расправиите и тупаниците се честа појава за време на тензичните дебати во турскиот парламент.