(Видео) Тепачка на натпревар во НБА: Го удрил меѓу нозете, а потоа почнаа да „играат“ тупаници

Кливленд го совлада Мемфис, но во преден план беше тепачката меѓу Мичел и Брукс.


 

Кошаркарите на Кливленд победија на домашен терен против Мемфис Гризлис (128:113) во НБА лигата, но во прв план дојде тепачката што се случи во третата четвртина.

Донован Мичел и Дилон Брукс се закачија. Вториот отиде до кошот, но беше успешно блокиран од Мичел и Мобли. Мичел тргна во контра, но Брукс го спречи со ништо помалку туку со удар меѓу нозете.

Мичел тргна кон кошаркарот на Мемфис, кој се уште лежеше на теренот, а потоа целосно ги загуби нервите. Тргна кон Брукс, го оттурна со сета сила и набрзо сите истрчаа на теренот.

Почнаа да паѓаат удари од сите страни, но за среќа главите беа доволно ладни за да се среди ситуацијата. Соиграчите успеаја да го разделат завојуваното дуо Мичел и Брукс.

Еве како започна конфликтот:

 

Целиот инцидент можете да го видите во следното видео.