(Видео) Тенк меѓу капачи: „Се сончавме и пливавме, а потоа без предупредување влета со полна брзина“


Температурите во рускиот град Тјумен изминатите неколку дена беа значително повисоки од 30 степени, а мештаните бараа освежување во блиското езеро. Но, мирниот летен ден ненадејно го прекина тенк Т-72 на руската армија, кој без застанување налета на луѓето.

Според пишувањата на локалните медиуми, во близина на дивата плажа на Андрејевското езеро има воен полигон во сопственост на Министерството за одбрана. Сепак, доаѓањето на тенкот Т-72 и неговото маневрирање меѓу капачите налути многумина.

Локалните жители велат дека со години доаѓаат на брегот на езерото за да се сончаат, но пред неколку дена војниците од инженерското училиште ископале неколку тунели и патеки околу езерото за да вежбаат.

„Дојдовме на плажа во 11 часот, се сончавме и пливавме, а потоа без предупредување дојде тенк со полна брзина. Насекаде имаше пареа, чад и силна смрдеа на гориво“, изјави еден очевидец.

Од военото училиште, пак, тврдат дека областа е забранета за собирање цивили.

„Ништо не се случи. Ова е територија на Министерството за одбрана и генерално е забрането цивилите да се собираат и да се капат во тој простор. Целата област е ископана. Ова е нашиот полигон. Едноставно тенкот излезе од шумата, се свртел и се вратил, тоа е се. Никој никому не се заканувал“, велат од Военото училиште.