(Видео) Тамара со нова песна „Слобода“, текстот ѝ го напиша Џамбазов

Денес беше објавена новата песна на поп-ѕвездата Тамара Тодевска со наслов „Слобода“. Текстот е дело на Игор Џамбазов, а музиката ја напиша Роберт Билбилов. Ова е првиот сингл од третиот студиски албум на пејачката, кој треба да излезе до крајот на летото. „Слобода“ има три верзии – македонска и српска, но и англиска, со наслов „Rise“. Видео записот, пак, ќе ја има својата премиера за две недели.

Претходно, пејачката беше актулена со песната „Светот е “, во дует со Роберт Билбилов.