(ВИДЕО) Тачи доживеа нов земјотрес пред камери


Додека претседателот на Косово Хашим Тачи говореше во живо пред новинарите од Туман се случи уште еден земјотрес.

И додека владата на Косово изразуваше солидарност на оние кои си погодени од земјотресот во вторникот, започна вториот по силина земјотрес, по најсилниот потрес од 6,4 степени.

На снимките од лице место се гледа како во еден момент се почнува да се тресе.

Тоа се случи во 15:45 часот.

Првиот удар беше со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, а следниот речиси три степени.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, во Јадранското море, на околу 20 километри од Драч и на 20 километри воздушна линија од Улцињ.