(Видео) Султанова сласт (радост): Јадење кое Турците многу го сакаат – меко месо со модар патлиџан во бешамел сос


Султанова сласт е познато турско јадење кое ги комбинира омилените јадења како модар патлиџан, меко месо и бешамел сос.

Султанова сласт (радост) или хункар бегенди е познато јадење кое се прави од меко месо и се служи со модар патлиџан во сос од бешамел. Ова јадење може да се нарече и турски гулаш, а рецептот потекнува од Отоманската империја.

Состојки:

2 модри патлиџани
2 главици кромид
550 гр говедско месо
2 пиперки
2 домати
1 лажица доматна паста
1 чаша вода
За бешамел сосот:
1 чаша млеко
2 лажици брашно
25 гр путер
пармезан
сол, бибер, морско оревче

Подготовка:

Со вилушка избоцкајте ги модрите патлиџани на неколку места, па наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 40 минути. Во тава загрејте малку маслиново масло, па пропржете го исечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете го исецканиот бел кромид. Додадете го месото исечкано на коцки и пропржете. Кога месото е речиси готово, додадете ја доматната паста и измешајте, па додадете ги сечканите домати и пиперките. Зачинете со сол и бибер, па повторно промешајте. Истурете вода и промешајте, а потоа поклопете и вриете околу еден час. Извадете го патлиџанот од рерна, извадете ја кората и ситно исечкајте ја средината. Во тава растопете го путерот, а потоа додадете го брашното и пржете додека не порумени со постојано мешање. Истурете го млекото и варете додека не се згусне со постојано мешање. Потоа додадете сол, бибер, посипете со морско оревче и измешајте, па додадете го модар патлиџан. Сè убаво измешајте, па посипете со пармезан. На чинијата најпрво прелијте ги модрите патлиџани со бешамел сосот, а потоа и мекото месо. Уживајте!