(ВИДЕО) Судир меѓу мигрантите и полицијата во Велика Кладуша


Најмалку 20 лица се уапсени, а неколку од нив се повредени денеска во судирите што избувнаа во прифатилиштето за мигранти во Велика Кладуша.

Како што пренесуваат локалните медиуми, во прифатниот центар дошло до тепачка во која учествувале најмалку стотина мигранти.

Ескалацијата настанала кога обезбедувањето не можело да ги совлада насилниците по што дошла полицијата но и таа била нападната со камења, шишиња и метални шипки.

Во нападот се повредени поголем број мигранти и тројца полициски службеници. Членовите на Службата за работа со странци во БиХ донесоа одлука шестмина од уапсените насилници да бидат изолирани и депортирани од БиХ, но состојбата меѓу мигрантите и натаму е напната и не може да се исклучи можноста од нови инциденти. Во земјата од почетокот на годината влегле повеќе од 7.000 мигранти.