(ВИДЕО) Судир меѓу косовските специјалци и Србите од Штрпце


Членовите на Специјалната единица на Косовската полиција, РОСУ, користеа палки и солзавец против жителите на општина Штрпце, во која живее српско население, кои се обидоа да го сопрат багерот за изградба на мини-хидроцентрала, објави РТС.

Дваесет и две лица беа повредени, објави новинар на РТС. По двомесечниот протест за одбрана на реките кои извираат од косовската страна Шар Планина, кога локалните жители успеаја да издејствуваат багерот да биде тргнат, денес, со придружба на специјални единици, почна да копа, пишува српскиот јавен сервис.