(ВИДЕО) Стравотна несреќа во Хрватска: Едно лице загина при директен судир во тунел


Во директен судир на два автомобила во тунелот „Св. Илија“, во близина на Сплит, двајца возачи беа тешко повредени кои итно беа транспортирани во КБЦ Сплит. За жал, еден од возачите почина околу 21 часот. Како што известува радио „Имотски“, станува збор за 24-годишен млад човек од областа Имотски.

Според „Вечерњи лист“, сериозно повредениот возач е новиот хрватски надбискупот Анте Јозиќ (52). Во меѓувреме, беше објавена и видеоснимка од несреќата.