(Видео) Страдате од несоница: Тријте една точка на главата


Во последно време има се повеќе луѓе кои се жалат на лош сон. Сето тоа е предизвикано од денешното темпо на живот, поради што луѓето се толку преоптоварени, па затоа не можат да заспијат со часови.

Доколку имате проблеми со заспивањето и страдате од несоница, овој трик на популарниот акупунктурист може да ви помогне. Д-р Џош Хенсон е хит на TikTok, кој секојдневно споделува практични, едноставни совети со своите следбеници кои секој може да ги примени дома.

Сега покажа како побрзо се заспива, постои точка зад увото која треба да ја масирате.

– Ставете го прстот зад увото, ќе почувствувате испакнатина. Можеби е малку болно на допир. Тријте го со кружни движења, сто до 200 пати, ќе го смири нервниот систем и полесно ќе заспиете – рекол тој.

Неговото видео набрзо стана вирално и има дванаесет милиони прегледи, а луѓето коментираа дека го пробале овој трик и навистина функционира.

@doctorhanson Can’t sleep? Try this! #insomnia #sleep #over40 #sleephack ♬ original sound – Josh Hanson