(Видео) Стана четврт најбрз човек на 200 метри, а има само 18 години


Американскиот атлетичар Ерион Најтон, оствари четврто најбрзо време во историјата во трката на 200 метри.

Најтон, кој има само 18 години истрча 200 метри за неверојатни 19 секунди и 49 стотинки и така го поправи својот личен рекорд, кој беше најдобар во историјата во јуниорска категорија.

Неговиот претходен личен рекорд изнесуваше 19 секунди и 84 стотинки, а тоа го постави во јуни 2021 година на американските квалификации за Олимписките игри.

Времето од 19 секунди и 49 стотинки е четврто во историјата, кога е во прашање трката на 200 метри, а побрз од Најтон биле само Усеин Болт со светскиот рекорд (19.19), Џон Блејк (19.26) и поранешниот светски рекордерМајкл Џонсон со време од 19.32.

Нејтон е роден кон крајот на јануари 2004 година, а веќе стана светска атлетска сензација. Настапуваше на ОИ лани во Токиот со само 17 години.

За споредба, најдоброто време на Усеин Болт на 200 метри со помалку од 20 години, беше 19 секунди и 93 стотинки. Со оглед на тоа, Нејтон би можел сериозно да го загрози светскиот рекорд кој е во сопственост на Јамајканецот.