(ВИДЕО) Српски ММА-борец прободен со нож среде бел ден

Безбедносните камери на едно кафуле го снимија моментот на нападот врз Дамир Михајловиќ (37), кој беше прободен со нож во петокот во Нови Сад.

На видеото се гледа ММА-борецот, за кој медиумите јавуваат дека е зет српската пејачка Наташа Беквалац, кој прво беше брутално претепан, а кога заврши на подот пред кафеаната, еден од тројцата мажи вклучен во тепачката му се приближи и го прободе со остар предмет.

Српските медиуми јавуваат дека напаѓачите потоа го напуштиле местото на злосторството, а полицијата интензивно трага за нив.

Повредениот спортист веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде што му биле санирани повредите.